МВР со детали за тешката сообраќајка кај Соборна


Четири лица од кои едно потешко се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“.

Foto – Fejsbuk

Во несреќата учествувале „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(29) од Скопје и „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил со тешки телесни повреди. Д.Б.(65) од с. Волково- скопско бил пренесен и задржан во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, информираат од полицијата.

Со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В.(40) и В.И.(56).

Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1