Мајка на 11-месечно бебе вчера преживеала вистинска траума во скопска градинка


Мајка на 11-месечно бебе вчера преживеала вистинска траума. Имено по земањето на своето бебе од една скопска градинка, каде и било посочено дека „е полазено од инсект“, таа поминува цел ден по болници за испитување на здравствената состојба на малечкото, кое гледа дека е гризено, драскано и со удар на главата.

Еве ја нејзината приказна, ставена на Фејсбук статус на нејзиниот профил:

,,Во меѓувреме, педагогот на градинката, инаку во моментот на дигање телефон веќе добро запознаена со случајот, како од пушка ни кажа дека воспитувачките се оградуваат од било каква одговорност, и рекле дека детето било така донесено сабајлето (?!). Како воопшто таа знае за случајот, ако таму ништо не се случило? Вработените во градинката, секако, се штитат меѓу себе.
После сѐ ова, револтот е голем и случајот сакаме да го истераме до крај, па секој правен совет од било кој тип би ни бил добредојден.
П.С. текстов веројатно има многу пропусти, го пишувам после 6 часовна голгота. Лута за што сѐ можело да биде, и благодарна што овој пат сме имале среќа.,, пишува мајката

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1