Шприцови и игли насекаде: Хорор околу скопскиот Центар за зависници – граѓаните во страв


Жителите на скопската населба и општина Кисела Вода стравуваат и се загрижени за нивната и безбедноста на нивните деца поради купиштата шприцови, игли и друг медицински отпад околу Центарот за рехабилитација на зависници кој се наоѓа во оваа населба.

На социјалните мрежи граѓаните се жалаат дека ништо не е исполнето, а дека добиле ветување во јануари оваа година дека проблемот ќе биде решен за еден месец од тогаш, состојбата не е подобрена ниту седум месеци подоцна. Тоа барем го покажуваат фотографиите објавени на социјалните мрежи

Тие загрижени велат дека, иако најголем, ризикот за здравјето не е единствениот проблем кој го имаат тие. Според нив голем проблем е и глетката која нивните деца секојдневно ја гледаат.

Извор: Курир

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1