Анализата на агенцијата Блумберк покажува дека во само еден ден 400 од најбогатите луѓе во светот изгубиле неверојатни 127,4 милијарди долари, од кои богатите Британци „само“ 5,5 милијарди долари.
Овие загуби се бележат како резултат на одлуката која Британците ја донесоа на референдум за излез од Европската Унија.
Како резултат на Брегзит европските пазари забележале најостар пад од 2008 година. Фунтата паднала на рекордно ниско ниво, што не се памети од времето на премиерот Маргарет Тачер.
Меѓу европските милијардери, најмногу загуби има Амансио Ортега, најбогатиот Европеец, кој изгубил шест милијарди долари. Исто така првиот човек на “Microsoft” и првиот човек на “Amazon”, Бил Гејтс и Џеф Безос, изгубиле по милијарда долари, колку што изгубил и најбогатиот Британец, Џералд Кевендиш.