Една од најмистериозните работи пронајдени во сефот на Тито во Народната банка на Србија е клуч од друг, непознат сеф.
Моментално постојат сомнежи дека клучот е од сеф во Швајцарија, а потеклото на клучот може да се утврди само со дополнително вештачење.
На списоците е и поголема количина накит, машки и женски, од златни прстени до бисерни ланци, обетки и алки, огромна колекција пари за кои се сомнева дека припаѓале на Кнезот Павле, рачни и џепни часовници, како и жолт прав за кој се верува дека е злато.
Прегледани се десетина вреќи од кои во една е списокот кој го направил некогашното претседателство на СФРЈ.