Во Штип, лекари удриле 7-годишно дете додека му ја местеле скршената рака (ВИДЕО)


Скандал на ортопедија во Клиничката болница Штип. 7-годишно дете тепано додека без анестезија докторите се обидувале да му ја наместат скршената рака, обвинуваат родителите, јавува ТВ Стар.

Со обвинување за нехуман однос на дежурните доктори и дека тие му ги нанеле повредите на лицето на детето за време на интервенцијата, излезе денеска пред камерата на ТВ Стар, мајката на Един, Телкизеа Витановска од Берово.dete tepano stip

– Ми рекоа влези внатре јас влегов, не можеа да му стават анестезија, па пак ми рекоа излези, и слушнав детето кај што писка и ме вика, кога влегов го видов крваво во устата, и како едниот доктор го држи за гуша да не писка, а на лицето имаше модрици – изјави Телкзиеа Витановска, мајка на Един.

Инцидентот се случил на 30 август вечерта по 22 часот. До денеска детето и родителите се под шок од , како што велат, нехуманиот однос на лекарите од кој барале помош.

Болницата ги отфрла тврдењата на родителите, додека пак полицијата го испитува случајот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1