Во источниот дел на Сибир е измерена најниската температура во едно населено место.
Измерени биле рекордни минус 71 степен, а просечната температура за месец јануари од оваа година изнесува -50 степени Целзиусови.
Најладното место на светот е руското село Ојмјакон со минус 71 степен.
Источносибирското село Ојмјакон е најстуденото населено место на земјата.
Таму живеат околу 500 луѓе. Велат, во последните години зимата е потопла со температури помеѓу минус 40 и минус 50 степени.
Овој крај е познат и по долговечните жители. Ниту водата и покрај ниските температури никогаш не замрзнала што е резултат на ладното дно и потиснувањето на подземната вода на површината.