Мајката природа изгледа се подготвува за борба, а својата зимска муниција ја подготвила во арктичка Русија.
Жителите на селцето Најда близу заливот Оба пронашле во својот округ непрегледно мноштво совршено округли снежни топки. Засега никој не успеал да го објасни овој редок феномен, а постарите жители тврдат дека ништо слично до сега не се појавило.
Топките се со различни димензии, од оние со пречник на тениска топка до оние со големина на топка за пилатес, но она што најмногу зачудува се нивните речиси совршени пропорции.