Во Сирија целосно исклучен интернетот


Сирија ги прекина интернет врските ширум земјата, соопштија денеска две американски компании, кои го следат користењето на оваа мрежа.
Сириските опозициски активисти потврдија дека дошло до целосен прекин на интернет врските во земјата, додека во главниот град Дамаск продолжуваат интензивните борби.

Две компании со седиште во САД, „Ренесиз“ и „Акамаи технолоџис“, кои ги следат интернет врските во светот, соопштија, исто така, дека во Сирија се прекинати сите врски од овој вид.
Сирискиот режим делумно ги прекина интернет врските откако започна бунтот против претседателот Башар ал Асад пред 20 месеци, но досега никогаш немало целосно исклучување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1