Хоспитализиран Џорџ Буш постариот


Поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот (88) е пренесен во болница во Хјустон поради бронхитис, изјави неговата портпаролка Џин Бекер.
Таа истакна дека поранешниот претседател на САД се лекува од долготрајна кашлица и бронхитис во Методистичката болница во Хјустон. Според неа се очекува тој да излезе од болница во текот на викендот.
Бекер нагласи дека здравствената состојба на Буш не била опасна по живот, но постоела загриженост дека може да дојде до воспаление на белите дробови, па затоа бил хоспитализиран.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1