Во сиромаштија и сам – Почина Љубо, последниот потомок ма Мехмед паша Соколовиќ


Во селото Соколовиќи, во близина на Рудо, Босна и Херцеговина,во 88-та година од животот умрел Љубо Кириџиќ, последниот потомок на славниот Мехмед паша Соколовиќ, објавија српските портали.

За разлика од неговиот славен предок, кој фактички ја управувал Отоманската Империја во последната деценија од животот на Сулејман Величенствениот потомокот на Мехмед-паша заедно со својата сопруга Милја живеел во беда, во трошна куќа без струја.

Мехмед-паша пред 450 години можел да гради и џамии и цркви, да биде православен Србин, муслиман и Турчин, зет на султанот, но и да го постави својот братучед Макарие Соколовиќ за српски патријарх.

Погубен е на 74-годишна возраст во политички заговор и тоа од раката на некој земјак, дервиш од Босна.

selo-Sokolovici-1

Честопати во разни пригоди говорел за својата роднинска врска со големиот везир, а својата судбина ја толкувал со реваншизмот на властите во некогашна Југославија.

Имено, додека во историјата на НОБ на Југославија местото Рудо има митско место, бидејќи во него е формирана првата сериозна партизанска воена формација, Првата пролетерска бригада со командантот Коча Поповиќ на чело,во куќата на Кириџик се криел четничкиот командант Дража Михаиловиќ. Кириџик бил во четата на Михаиловиќ и во 1946 г., неколку часа пред Дража да биде фатен, а подоцна и погубен.

Во близина на куќата на Кириџик сè уште стојат остатоци од куќата на Димитрие Соколовиќ, таткото на Мехмед-паша.

selo-Sokolovici-2

Затоа, пак, во селото и ден-денес доминира по вторпат обновената џамија, која Мехмед-паша ја подигнал во чест на татко си, кој со преоѓањето во исламот станал Синан-бег. А на само стотина метри од неа се урнатините на необновената црква, која големиот везир ја подигнал во чест на мајка си Марија!

Мехмед-паша е роден како Бајица-Бајо Ненадиќ, како дете почнал да се образова во познатиот манастир Милешево, а како 15-годишно момче е одведен во јаничари.

Во шествековната историја на Отоманското Царство, со кое владееле 36 султани и 210 везири покрај нив, Соколовиќ има посебно место бидејќи ја проширил Империјата.

Mehmed_SokolovicКако адмирал на морнарицата и командант на турската војска кај тројца султани, ги освоил Багдад, Арабија и Сигет во Унгарија, а градел мостови, како славниот мост на Дрина прославен од нобеловецот Иво Андриќ во истоимениот роман, но го почнал и планирањето на Суецкиот Канал.

Мехмед-паша пред 450 години можел да гради и џамии и цркви, да биде православен Србин, муслиман и Турчин, зет на султанот, но и да го постави својот братучед Макарие Соколовиќ за српски патријарх.

Погубен е на 74-годишна возраст во политички заговор и тоа од раката на некој земјак, дервиш од Босна.

Telegraf.rs

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1