ВО СКАФАНДЕР И ВОЗИЛО НА БРЗА ПОМОШ, ВО СОБРАНИЕТО ПРАТЕНИЧКА ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС


Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска, позитивна на коронавирус, пристигна во скафандер во Собранието за да учествува во работата на 32., а потоа и на 36. седница кои треба да почнат во 14 часот.

„Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна ковид-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании”, напиша на Фејсбук Костадиновска-Стојчевска.

,,Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот.
Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив.
А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата.
✊ Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот.,,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1