Во Скопје ќе се вози пар – непар


Со воведување пар – непар и поскап паркинг ќе се бара спас од енормното загадување на воздухот.

Владата по препорака од министерството за животна средина го задолжи МВР да изготви измени на законот за безбедност во сообраќајот со воведување на мерката пар – непар.zagaduvanje

На советите на општините и претпријатијата за јавен паркинг им препорача, да ја разгледаат можноста за зголемување на цената на паркинг услугата при надминување на прагот на алармирање со што би се стимулирало користењето на јавен транспорт како и друг вид алтернативен превоз.

Исто така владата ги задолжи сите органи на државната управа јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, како и на единиците на локална самоуправа да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила при надминување на прагот на алармирање при загаден воздух.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1