Во Словенија просечната месечна нето плата за април, изнесува 1000,80 евра, а бруто платата 1531,17 евра, според податоците на словенечкиот завод за статистика.
Во Љубљана и поголемите градови платите се највисоки. Во 90 отсто од општините платите се пониски од просечната.
Во април најниската просечна нето плата изнесува 693 евра, а е исплатена во општините Костањевица на Крки и Осилница.
Платите во Словенија стагнираат последните години или се со мал пад, а според податоците на синдикатот две третини од работниците примаат плата помала од просечната.