Во Сочи ќе се делат медали со делови од метеорит


Русите втиснале делови од метеоритот од Челјабинск во 10 медали кои што ќе им бидат врачени на освојувачите на златни одличја на 15-ти февруари, на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во Сочи.

medali-500

Медиумите пренесуваат дека спортските асови овие важни медали ќе ги добијат токму една година по „слетувањето“ на вселенскиот камен во заледеното езеро Чебарјул во централниот дел од најпространат земја на светот. Според руските новинари, околу 40 медали со делови од метеоритот ќе бидат продадени на колекционери.

Настанот од Челјабинск минатата година емитуваше голема енергија, како експлозија на половина милион тони од ТНТ. Неколку седмици подоцна, руските нуркачи од езерото извлекоа метеорит од 570 килограми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1