Бугарски бизнисмен и неговата сопруга се убиени вечерва во софиската населба Витоша, јави БТА.
Според непотврдени полициски извори, жртвите се идентификувани како 48-годишниот Митко Дамјанов, сопственик на градежна фирма, и неговата 42-годишна сопруга.
Во тек е полициски увид на местото на убиството.
Некои бугарски медиуми објавија дека убиениот заедно со неговиот ортак вршеле измами ала Фиком, но тоа засега е во ранг на шпекулациите.