Бугарската полиција започна опсежна акција во потрага по лицето кое утрово пукаше од рачен ракетен фрлач во центарот на Софија. Полицијата го гони возилото од кое било пукано.
Според првичните информации нема повредени луѓе во инцидентот но, направена е материјална штета, односно уништен е луксузен автомобил.
Бугарските медиуми јавија дека цел на нападот бил контроверзниот бизнисмен, а поранешен разузнавач, Алексеј Петров.