Во сообраќајка кај Тетово повредени полицајци


Двајца полицајци биле полесно повредени во сообраќајната незгода што денеска околу 14 часот се случила на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на наплатната рампа пред влезот во Тетово, информираше советничката за односи со јавност при МВР, Марија Јаковлевска.

policijaMKD

Според нејзините првични информации, повредените со уште двајца свои колеги биле во полициско возило Опел Астра што било без полициски ознаки и од засега неутврдени причини изгубиле контрола и излетале од патот. Тие се враќале од Охрид каде учествувале на синдикалните полициски игри.

– На двајцата повредени им била укажана лекарска помош во Тетовската болница по што се пуштени на домашно лекување, рече Јаковлевска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1