Во сообраќајна несреќа загина возачот на формула 1, Андреа Де Чезарис


Поранешниот Формула 1 возач, Андреа Де Чезарис (55), првиот тимски колега на Михале Шумахер, го загуби животот  во сообраќајна несреќа во Рим.

Де Чезарис четири години возеше во Фромула 1 шампионатот, во периодот од 1980-1994 година, тој стартуваше на 208 трки како возач на Алфа Ромео, Мекларен, Лижие, Минарди, Бребам, Ријал, Скудеро Италија, Џордан, Тирел и Заубер.Screenshot_3

Во кариерата пет пати успеал да се искачи на победничкиот пиедестал, освоил 59 бодови, а имал една пол позиција и еден најбрз круг.

Најдобрите резултати ги постигнал во Алфа Ромео во 1983 година, кога на трките во Германија и Сан Марино ги освојувал вторите места.

Единствената пол позиција ја освоил во 1982 година на трката за Големата награда на САД и тогаш со 22 години и 308 дена бил најмладиот освојувач на пол позиција. Неговиот рекорд 12 години подоцна го собори Рубенс Барикело, а актуелен рекордер е Себастијан Фетел.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1