Според последните податоци, во Србија се потврдени 6.109 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 29 лица починале.
Во последните 24 часа биле тестирани 18.980 лица, а вкупно 1.573.980 од почетокот на епидемијата.
Во моментов хоспитализирани се 5.589 лица, а на апарати за дишење приклучени се 186 пациенти.
Од почетокот на епидемијата регистрирани се 104.097 случаи, а стапката на смртност во Србија е 1,07 проценти.
Кризниот штаб заседава утре, по чија седница може да се очекуваат нови мерки.