На подрачјето меѓу Апатин и Сомбор откриена е и упасена група од 10 луѓе кои продавале и користеле оружје, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.Тој додаде дека е запленето големо количество оружје.
Стефановиќ рече дека се уапсени и организаторите на таа група.
Кај нив се запленети девет килограми пластичен експлозив, 20 килограми ТНТ експлозив и детонатори, 11 рачни бомби, 12 противтенковски бомби, 10 тромблонски мини, автоматско оружје, муниција….
– Се работи навистина за огромна количина оружје што го продавала таа група, изјави Стефановиќ.