Осумнаесетгодишна девојка од Битола загинала во сообраќјна несреќа на патот Прилеп-Битола, денеска околу 11.30 часот, извести МВР.Девојката била совозач во „фиат браво“ кое го управувала нејзина 38-годишна блиска роднина. „Бравото“ излетало од патот во близина на селото Тополчани.
Во сударот починала 18-годишната девојка, додека жената возач била пренесена во битолскиот медицински центар каде и се констатирани телесни повреди.