Во Тетово само тројца верници скокаа по светиот крст


Миле Стојановски на возраст од 56 години од населбата Поток во Тетово беше најбрз меѓу тројцата верници кои се обидоа да го фатат осветениот крст на денешниот празник.

-Ова ми е четврта година што се фрлам по крстот и досега на двапати сум успеал да го фатам Светиот крст. Годинава очекувам Господ да ми даде здравје, среќа, мир, бериќет и најдобро како за мене така и за сите, рече Стојановски.- изјави Миле Стојановски.

Пред фрлањето на светиот крст во базенот во црковниот двор на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“, литургијата ја отслужи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1