Во Трибуналот во Хаг се случуваат чудни работи – мистериозни заболувања од рак


Во Трибуналот почнаа да се случуваат мошне чудни работи. Одеднаш се појави голем број на заболени луѓе, особено од карцином, вели Дарко Младиќ, синот на Генералот Ратко Малдиќ

ratko mladic
-Она што јавноста веќе го слушна е дека на Војислав Шешељ му се појавиле метастази на јетрата. Имам информации дека најмалку два наши офицера имаат рак. Тоа се луѓе кои се помлади од Шешељ и од татко ми, изјави Дарко Младиќ.

Како што знаете Горан Хаџиќ доживеа срцев удар и веке може да речеме дека станува збор за голем број српски притвореници кои се заболени од тешки болести. Тоа е статистичка бројка која укажува дека таму навистина нешто не е в ред со медицинската нега, бидејќи е нејасно како толку голем број луѓе заболуваат од рак. Тоа е загрижувачки.

Што се однесува до здравјето на татко ми, во овој момент неговата здравствена состојба е релативно стабилна. Тој годинава имаше седум месеци пауза и конечно успеавме да добиеме од судскиот совет во август годинава наместо пет работни дена да работи четири. Тоа е своевиден парадокс какви работи се случуваат таму, објаснува Младиќ.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1