Во Центар води Жерновски – во Скопје Коце Трајановски – еве инфо и за другите општини


Според податоците што сукцесивно ги објавува ДИК на својата веб-страница по преброени 65,11 отсто од избирачките места, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски води со 75.504 или 64,62 отсто од гласовите, пред неговиот противкандидат од СДСМ Јани Макрадули со 37.576 или 32,16 отсто од гласовите.

andrej zernovski

Во Центар според резултатите од 18,18 отсто од избирачките места води Андреј Жерновски од СДСМ со 1.625 гласови (55,02) наспроти Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ со 1.236 (41,98) проценти.

Во Чаир од преброени 20,97 отсто од избирачките места Изет Меџити од ДУИ освои 68,21 проценти, а Мухамет Тачи од ДПА 21,95 проценти од гласовите.

Во Ѓорче Петров од преброени 46,15 отсто од гласовите за Сокол Митровски од ВМРО-ДПМНЕ гласале 49,06, а за Александар Наумовски од СДСМ 47,29 отсто од гласачите.

Во Бутел според резултатите од преброени 84 проценти од избирачките места води Петре Латиновски од ВМРО-ДПМНЕ 64,95 отсто пред Коста Начевски од СДСМ до 33,07 проценти.

Во Карпош од 50 отсто од преброените гласови за Стевчо Јакимовски од Српската напредна стеранка гласале 63,52, а за Андреј Петров 27,98 проценти од избирачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1