Во центарот на Москва пронајдена подземна „тајна соба“


Археолозите во центарот на рускиот главен град Москва открија подземна „тајна соба“ со заоблени ѕидови, каде се пронајдени повеќе од 150 артефакти кои датираат од периодот од почетокот на 16. па до крајот на 19. век.

Се верува дека од таа соба бранителите на градот во 16. век ги прислушувале непријателите и потоа ги пренесувале информациите на надредените.tajna-soba

Ова е прва таква соба пронајдена во главниот град на Русија, но таа содржи и рекорден број артефакти, јави Раша Тудеј.

„Тајната соба“ е пронајдена под ѕидините на Китајгородската Тврдина, додека се извршувале градежни работи за реконструкција на една улица.

Главниот московски археолог Леонид Кондрадев вели дека „тајната соба“ се наоѓа преку патот на црквата „Св. Јован Богослов“, каде што во минатото, како што се претпоставува, се наоѓала Богословската кула Китајгород, една од 12 кули на Китајгородската тврдина.

Оваа тврдина е долга 2.567 метри и е градена за време на Елена Глинска, поради одбрана на градот од инвазија на кримските Татари.

Во овој историски дел на Москва досега немаше значајни археолошки ископувања, а до ова откритие е дојдено случајно откако арехолозита забележале нетипична вдлабнатина во земјата.

Меѓу повеќе од 150-те архетефакти во собата има и оловни куршуми и железни стрели, но и предмети за домаќинство, како чинии и ќерамички чаши, па дури монети. Посебно внимание на археолозите привлкло топовското ѓуле за кое се верува дека е старо најмалку три века.

Според главниот московски археолог, предавањето на артефактите на музејскиот фонд по закон треба да се изврши во рок од три години по откривањето, а до тогаш вредните предмети треба да бидат проучени.

При изградбата на метрото во 30. години на минатиот век, во Москва се пронајдени повеќе „тајни соби“. Историчарите наведуваат дека тие во време на војни се користени за прислушкување на непријателите. а во мирнодопскиот период како магацини за чување на муницијата.

Според правилата, сите тие имале високи сводови. Во тие соби седеле прислушувачите и благодарение на добрата акустика можело да се слуша се што се случува на површината на земјата.

Градските власти наведуваат дека археолошкот надзор ќе се извршува и во иднина на сите локации каде се вршат градежни работи. Благодарејќи на таквата пракса, во претходните години се пронајдени повеќе од илјада артифакти и фрагменти на историски предмети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1