Во црквата “Света Петка” во Скопје има чудотворна икона – заздравуваат деца, зачнуваат жени


Де­но­ви­ве, на 3 септември 2013 година се навршуваат 90 години од осветувањето на црквата “Света Петка” во Црниче. Големиот култ на светителката одамна е при­су­тен во Скопје, и таа имала огромна улога во верскиот и духовниот живот.

sv petka ikonaДе­нес во црквата “Света Петка” се наоѓа една чудотворна икона. Таа се чува во ол­та­рот на храмот. Приказната како чудотворната икона со исцелителна моќ се нашла во црквата е особено интересна. Според постојните записи во црковните гласила, при­каз­на­та е поврзана со скопјанката Фаница Нанчева, родена во 1915 година.

Во 1941 го­ди­на таа се вселила во станот на еден свештеник, кој заминал за Србија. При раз­гле­ду­ва­ње­то на подрумот на станот, открила необична икона, за која никој не зна­ел дека постои, а била оставена од свештеникот. Иконата, која ја претставувала прес­ве­та Богородица, била насликана во дрво и завиткана во епитрахил. Новата сопс­тве­нич­ка ја ставила иконата. заедно со двете други, во еден агол од нејзината со­ба. Покрај нив постојано горело кандило.

И тогаш започнале да се случуваат чуд­ни нешта. Ноќе, необичен звук и тропање се слушале од местото каде што се на­о­ѓа­ла иконата на света Богородица. Една ноќ, сопственичката забележила како среб­ре­на монета паѓа од иконата. Тоа бил чуден звук на паричка од нематеријална природа. Ед­но утро, кога се разболела, од очите на иконата потекле солзи. Таа не можела да по­ве­ру­ва во глетката, сe додека солзите не ги собрала во еден сад.

Подоцна иконата мно­гу пати ја покажала својата чудотворност. За заздравување на болните деца или за добивање пород на бездетните брачни двојки, откако ќе се помолеле пред неа. Сопс­тве­нич­ка­та го послушала советот на тогашниот старешина на црквата “Света Пет­ка” Ацо Стојковски, и иконата ја предала во божјиот храм. Иконата и денес се на­о­ѓа таму.

Пос­та­ву­ва­ње­то и осветувањето на камен-темелникот на црквата “Света Петка” би­ле извршени 1904 година. За дваесетина години, во 1923, црквата била за­вр­ше­на и осветена. Од тој чин, денес во црквата е зачувана старата плоча, која била пос­та­ве­на истата година. Храмот бил подигнат од сопствени средства, со донација од сите православни жители на градот Скопје.

Вест 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1