Во Унгарија покренато обвинение против Србин и Македонец за шверц со луѓе


Државните органи на Унгарија покренаа обвинение против државјанин на Србија и еден на Македонија поради сомневање за организирање шверц со луѓе.

Како што пренесува порталот Војводина данас, главниот обвинител на унгарската област Бач-Кишкун покрена обвинение откако полицијата утврди дека државјаните на Србија и Македонија преку каналот Дунав-Тиса-Дунав со чамец пренеле четворица мигранти од Ирак чија крајна дестинација била Австрија.

Мигрантите ја поминале српско-унгарската граница на 19 октомври, а ги пронашла унгарската полиција заедно со шверцерите додека чекале „друг илегален превоз кон Австрија“.

Во обвинението се наведува дека шверцерите „помогнале на повеќе илегални мигранти со цел стекнување материјална корист“.

Осомничените се наоѓаат во притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1