Глуварчето процветало толку, што го затворило каналот. Најмал притисок врз увото може да предизвика внатрешно крварење, а тоа пак, сериозни оштетувања
Лекарите во Пекинг успешно по хируршки пат од увото на шеснаестомесечно девојче отстранија делумно процветано глуварче кое целосно ѝ ги затвори ушните канали, јавува The Beijing Morning Post.
Девојчето со име Ranran изминатите неколку месеци често го чешкаше своето уво и даваше знаци дека ја боли, а родителите ја однесоа во болница дури кога болките станале неподносливи и кога тие самите забележале дека нешто расте во него.
– Немаше друго решение, моравме да го оперираме девојчето. Глуварчето процветало, така што и најмал притисок врз увото можеше да предизвика внатрешно крварење, а со тоа да предизвика сериозни оштетувања – објасни Gu Qinglong, шефот на одделот за ОРЛ во болницата, каде што цветот хируршки е отстранет.
Qinglong објасни дека топлата и влажна средина биле поволни за неговиот раст, а новинарите на Дејли мејл потсетија дека на некои луѓе од ушите им ваделе и полоши работи.
На пример, во јули на една Англичанка ѝ отстранија од увото црви, а минатата година на една Кинеска пајак.