Во Вевчани годинава ќе се слави 6 дена – еве што се ќе се случува


Вевчани се подготвува за традиционалниот карневал за доаѓањето на Новата година според стариот календар, кој со богата програма оваа година ќе се одржи од 9 до 14 јануари.

vevcani

-Се е подготвено за претстојниот Вевчански Карневал кој оваа година за прв пат ќе трае шест дена и ќе понуди богата програма со цел да ја задржи традицијата секое следно издание да биде подобро и поуспешно од претходното. Во Вевчани се подготвува теренот за беспрекорно одржување на манифестацијата, а сместувачките капацитети веќе се пополнуваат и во околните општини и места. Специфичен во светот со својата уникатна драж, Вевчанскиот карневал за време на своето одржување повторно ќе го претвори цело Вевчани во отворен театар со бројни изненадувања. Секоја година настанот пречекува повеќе од 20.000 посетители, па така и годинава сме подготвени на најдобар начин да ја пречекаме новата година по стариот православен календар, со главниот акцент на карневалската поворка на 13. јануари кога заедно ќе ги дознаеме новите маски кои до последен момент се чуваат во строга тајност на василичарите, истакна Цветомир Угриновски, градоначалник на општина Вевчани.

Во рамки на програмата овие денови се веќе најавени промоции, перформанси, настап на КУД „Дримкол”, концерти на музички групи и најатрактивниот дел традиционалната карневалска поворка која ќе заврши со палење на маските на 14 јануари, со што официјално ќе биде означено и затворањето на Вевчанскиот карневал 2015.

Главната музичка програма ќе се одржи на 12 и 13 јануари, кога пред посетителите со свои настапи ќе се претстават повеќе значајни музички имиња од земјава и регионот.

На 12 јануари во рамки на оваа програма во Вевчани со концерт ќе гостува македонската група „СУПЕРХИКС“ позната по енергичните и еуфорични настапи, а ќе ги пречекаме и регионалните музички ѕвезди, хрватскиот легендарен бенд „ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ“.

На 13. јануари музичката програма на Вевчански карневал ќе ја предводи музичкото име кое на најдобар начин го негува традиционалниот македонски звук, групата „ЉУБОЈНА Брас Фантази“, како и популарната македонска фолк пејачка Елена Велевска.Старата нова година – Василица оваа вечер ќе биде пречекана и со голем огномет.
На самиот старт од Новата 2015. година во Вевчани нè очекува една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во нашата земја Вевчански карневал.

-Вевчанскиот карневал е уникатен настан и единствен уличен театар без режија, автентичен, автохтон и мистичен во својот зародиш и специфична порака со која вевчанци ја испраќаат изминатата година и ја пречекуваат новата, подобра година со желба таа да биде покреативна, поубава и побериќетна. Оваа манифестација го привлекува вниманието и љубопитноста насекаде ширум светот, меѓу медиумите, посетителите и стручните истражувања, па воедно е ретка македонска традиција за која во светски рамки се изработни докторска дисертација, две монографии и стотици стручни текстови. Настанот кој се одржува еднаш годишно претставува премиера на една единствена претстава, која оваа година меѓу своите посетители ќе има чест да го пречека и новинарскиот тим на светски реномираната „Би-би-си“ телевизија, вели еден од најголемите познавачи на Вевчанскиот карневал и неговата суштина, публицистот и новинар Мишо Китановски.

Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот која се негува повеќе од  1.400 години и кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Се одржува за време на василичарските празнувања под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, а генерален спонзор е Т-Мобиле.

ПРОГРАМА НА ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ 2015.
Датум: 9.1.2015
11:00 часот: Промоција на книгата „Масоните од Македонија до 1990 година”
Автор: Миле Д. Миќуновиќ
Промотор: д-р Стојан Ристески
18:00 часот: Изложба на слики од Петре Шутиноски
(настаните ќе се одржат во Клубот на пензионери-Вевчани)

Датум: 10.1.2015
11:00 часот: Промоција на збирка раскази од Косте Шутиноски
18:00 часот: Монодрама во изведба на Доне Донев
(настаните ќе се одржат во Клубот на пензионери-Вевчани)

Датум: 11.1.2015
18:00 и 20:00 часот: Годишен целовечерен концерт на КУД „Дримкол” – Вевчани
(две проекци во кино сала Вевчани)

Датум: 12.1.2015
20:00 часот: Музичка програма (Концерти на „Суперхикс” и „Прљаво Казалиште”)

Датум: 13.1.2015
13:00 часот: Почеток на Церемонијата
14:00 часот: Поворка на Карневалот
20:00 часот: Музичка програма (концерти на „Љубојна Брас Фантази” и Елена Велевска)

Датум: 14.1.2015
02:00 часот: одење на Вевчанските извори
14:00 часот: Палење на маските

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1