Руски астронаути извршиле прва берба на зеленчук, кој го засадиле на Меѓународната вселенска станица (МВС), пренесува МИА
– Експериментот со грашокот е посебно ветувачки. Астронаутите успеале да одгледаат јапонски зеленчук и пченица, чии зрна се со одличен квалитет, изјави Маргарита Левински, научник од Институтот за биомедицински прашања при Академијата на науките во Москва.
Руските астронаути планираат до следната година да насадат и ориз, домати и пиперки во стаклената градина на МВС, каде претходно мораат да извршат одредени поправки.
Одгледувањето на овие култури првично има за цел на астронаутите да им обезбеди храна за време на повеќемесечниот престој на станицата, но и да се провери дали растенијата кои виреат во вселената се подложни на генетски промени.