Веб-страницата на Државната изборна комисија, на која треба да се објавуваат првичните резултати од предвремените парламентарни избори, не фунционира, но резултати може да се следат на нивниот канал на Јутјуб.
Според резултатите од ДИК СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се во мртва трка, со тоа што водат социјалдемократите. Од пребројани гласови од 2.287 избирачки места од 3.480 СДСМ има 36,79 отсто, а ВМРО-ДПМНЕ 35,77 проценти. Од другите партии, ДУИ има 10,29, Алијансата за Албанците 8,12 отсто, Левица 4,17, Интегра 1,39, а ДПА 1,32 отсто. Другите партии се под еден процент