Во живо говорела за сообраќајка на Твитер – незнаејќи дека и загинал сопруготот (Фото)


Карен Џонсон (41) од Ванкувер, која често ги прислушува полициските канали на компјутер, на Твитер, цели два часа „директно пренесувала„ информации за сообраќајната незгода во која, како што на крајот дознала, загинал нејзиниот сопруг

zena soobrakjajkaНесреќата се случила во средата, околу 13.40 часот, на меѓународниот пат 205 во Ванкувер.Како што дознавала нови информации, жената, станувала се повеќе загрижена, затоа што се сетила дека и нејзиниот сопруг си доаѓа дома токму по тој пат.

Испраќала твитови дека нејзиниот сопруг доцни, дека не и одговара на телефонските повици, кога се посомневала во најлошото, за на крајот да напише дека е мртов.

Џонсон ја пренела веста дека едно лице загинало во судир со два автомобили и напишала:

„Не сакам да паничам, но мојот сопруг денес порано излезе од работа и доаѓа дома по патот 205. Не се јавува на телефон„.

soobrakjajka zena
maz soobrakjakaСо околу 1.000 лица ја споделила веста дека сопругот и боледува од епилепсија и дека се сомнева дека оваа болест би можела да биде причина за судирот.

Следбениците на Твитер се обидувале да ја утешат, откако напишала дека дознала дека нејзиниот сопруг излегол порано од работа, затоа што имал несвестица.

Два часа по првиот твит, Џонсон само ги известила следбениците дека нејзиниот сопруг е жртва во несреќата: „Тоа е тој, мртов е.„

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1