Вода од чешма и влегла во леќите – паразит за малку не и го изел окото (Фото)


18-годишната Џесика Грини, студентка по англиски јазик на универзитетот во Нотингем, на многу лош начин научила што може да се случи кога вода од славина ќе дојде во контакт со леќи. Имено, помеѓу нејзините леќи и окото, се создала амеба позната како акантамеба, која почнала да ја јаде нејзината рожница.

oko

Проблемите за Грини почнале околу Велигден, кога нејзиното око станало црвено и отечено, а воспалението внатре за една седмица се развило до тој степен што отокот пораснал како топче за голф!

Лекарите набрзо утврдиле дека пати од амебин кератитис, воспаление кое може да доведе до слепило, но и до смрт доколку амебата дојде до рбетниот мозок.

Докторите ја држеле Грини будна четири дена, и на секои десет минути ѝ ставале лек во окото, пренесува Daily mail.

ameba-oko-voda-leki-03

“Минав низ целиот тој хорор само затоа што вода од славината дошла до моите леќи. Сестрите цели четири дена ме држеа будна. Престојот во болница ме скрши од замор, па плачев на секои пет минути”, рекла девојката, која и денес, повеќе од месец по воспалението, секојдневно мора да става лек по 22 пати.

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1