Безбeдносните служби во регионот предводени од српската БИА го лоцираа водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер. Според сознанијата тој се наоѓа во една од земјите во Јужнат Америка.
![](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2021/05/zvicer-696x464-303922.jpg)
По акцијата за апсење на Велимир Беливук, Звицер од Црна Гора преку Албанија побегна во Јужна Америка со лажен босански пасош.
Тој често ги менува земјите на престој а го чуваат тамошните нарко кланови со кои Кавачкиот клан соработува.
Она што за нас е интересно е што весникот „Новости“ пишува дека меѓу пасошите што Звицер ги поседува е и македонскиот.
-Според информациите што ги поседуваме Звицер има фалсификувани документи на Македонија, Хрватска и на Украина. Без разлика на кокаинските картели неговото апсење е прашање на денови-пишува „Новости“.
Досега се знаеше дека неговиот Стефан Ѓукиќ кој требаше да го убие Звицер во Украина има македонски пасош, како и целото раководство на Шкаљарскиот клан.