Водата за пиење на Пелистер е загадена


Анализите на Центарот за јавно здравје од Битола покажаа дека водата од чешмите на Голема Ливада, Бегова Чешма, Кај печурката и други локации во Националниот парк Пелистер се неисправни за пиење. 77 проценти од планинските води од кои центарот зел примероци се бактериолошки неисправни, а во 9 проценти од 22-те земени мостри е заклучено дека водите се хемиски неисправни за пиење. По добиените резултати од анализите, на чешмите низ паркот се истакнати натписи на македонски и англиски јазик со кои се предупредуваат посетителите дека водата е забранета за пиење.pelister zagadena voda

„Состојбата во националниот парк ќе се подобри доколку се изградат санитарни јазли со септички јами и доколку каптажите на чешмите се изградат според санитарно – технички норми“, пишува во извештајот.

Ова не е прв пат на Пелистер да бидат поставени табли на кои стои забрана за пиење на водата од чешмите. Од поодамна се познати и причините заради кои водите во најстариот национален парк во земјава, постојано се опасни за пиење. И по десет години од почетокот, не е дограден колекторскиот систем. Изградбата започна во 2006 година кога беше поставена колекторска мрежа од 2,5 километри, а остана да се изгради и постави пречистителна станица и да се приклучат објектите на Пелистер кон мрежата. Оттогаш до денес, изградбата на системот не мрднала ниту педа.pelister33

Минатата година во мај, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, потпиша договор со министерот за животна средина, Нурхан Изаири за изработка на техничка документација за доизградба на колекторот на Пелистер. Заменик министерката за животна средина Соња Липиткова, тогаш најави дека проектот ќе биде готов за една година, но до денес на терен нема никакви активности.

Орбис.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1