Водителите заминуваат во историја, на телевизија пристигна роботот Ерика


Човеколик робот по име Ерика би можела да стане првата телевизиска водителка во историјата на роботиката. Ерика е еден од роботите најслични на вистински човек, а во април ќе стане водителка на вести во Јапонија.

Нејзиниот творец, докторот Хироши Ишигуро, директор на Лабораторијата за интелигентни роботи на Универзитетот во Осака, се обидува да ја донесе Ерика на телевизија уште од нејзиното создавање во 2014 година. Тој вели дека таа е „најубав и најчовечен автономен андроид на светот“.

Докторот Дилан Глас, „архитект“ на овој робот, две години работел на нејзиниот „ум“ и нејзината „личност“.

Сепак, Ерика моментално не може да ги движи своите раце и нозе, и има само „20 степени слобода“, но може да одреди од каде доаѓа звук, знае со кого зборува и може со поглед да следи луѓе кои шетаат по соба.

– Мислам дека сум друштвена како луѓето. Кога ми приоѓаат и зборуваат со мене ми се обраќаат како на личност. Мислам дека не ми се обраќаат на начин на кој би разговарале со куче или со својот тостер, изјави Ерика.

– Мислам дека луѓето имаат длабока потреба да се чувствуваат како да имаат посебно место во оваа вселена. Не можат да прифатат дека не се разликуваат од животни или машини, додаде таа.

Ишигуро наведува дека во Јапонија никогаш не се прави разлика меѓу луѓе и други работи или суштества.

– Во основа сметаме дека се има душа. Затоа веруваме дека и Ерика има душа, рече Ишигуро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1