Воени хеликоптери отворија оган врз демонстрантите во Анкара


Воени хеликоптери отворија оган врз демонстрантите во Анкара пред неколку минути. Тоа го објавија светските агенции и дополнуваат дека се слуша засилено стрелање. ДХА соопшти исто дека воен хеликоптер го нападнал седиштето на полицијата во Анкара.
Во меѓувреме, новинската агенција “Догу абер ажанс” (ДХА) го објави ултиматумот на турските вооружени сили, емитувана на националното радио и телевизија (ТРТ):turcija-ankara-puc-tocka-2016-02

“Објавувањето на овој текст по сите државни информациски канали на Република Турција е барање и наредба на турската армија. Драги сограѓани, државјани на Република Турција; достигнавме до положба сите државни институции, вклучувајќи и турските вооружени сили, да бидеме дизајнирани со идеолошки мотиви и затоа – да не бидеме во можност да ги исполнуваме нашите закони задачи и одговорности. “.

Во меѓувреме, во реонот на Управата на специјалните сили во Анкара, кварт Голбаш, се слушаат експлозии, а пред куќата на Ердоган во Истанбул на азискиот дел во реонот Ускудар, се преземени засилени мерки за безбедност од елитните делови на полицијата, посочува уште ДХА.

Силна експлозија била слушната во турската престолнина Анкара, откако армијата објави дека ја презема власта и воведува воена состојба и полициски час, пренесува новинар на AFP.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1