Војна меѓу Кина и Јапонија во 2013 година


Професор на австралискиот Национален универзитет Хју Вајт, поранешен функционер во секторот одбрана, верува дека Кина и Јапонија полека се движат кон војна, која би можела да избувне во 2013 година.

kina japan vojna

Според него, неодамнешните повреди на јапонскиот воздушниот простор од страна на кинески воени авиони, како и изборот на националистички ориентиран премиер на Јапонија, се сигурни знаци дека двете азиски суперсили одат во таа насока, пишува во сабота австралискиот весник „Сиднеј Морнинг Хералд”.
Вајт наведува дека САД без сомневање ќе бидат вовлечени во таа војна, како поддршка на Јапонија, а тврди и дека нема гаранции оти оваа војна би била кратка и едноставна.

Кина и Јапонија спорат околу ненаселени острови во Источнокинеското море, кои обете земји ги сметаат за свои.
„Ниту една земја не би победила во таа војна која би била разурнувачка, не само за нив, туку за сите нас”, заклучува Вајт.

Makfaks

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1