За десетина години дури 45 проценти од светското население нема да има доволно вода за пиење, при што во најтешка положба се земјите од арапскиот свет, соопштија Обединетите Нации.
Многу земји се снабдуваат со вода за пиење од еден извор. Базенот на Нил го делат десетина држави. Египет, кој се наоѓа најниско, користи најголем дел од водата на Нил. Етиопија своевремено се обиде да изгради брана, но египетски авион го потопи бродот со опрема за изградба.
Сега ситуацијата е променета. Етиопија започна проект Обнова – за подигнување на хидроцентрала на Син Нил, кој е главна артерија на големата река.
Египет кој би можел да остане без значаен дел од водата поради изградбата, се обидува да се спротивстави на проектот. Но, оружјето за сега не е варијанта.
Реката Јордан и неговите притоки се главен извор за Блискиот Исток. Затоа водното прашање е прилично остро во јорданско-сириските, јорданско-израелските, сириско-ирачките, либанско-израелските и палестинско-израелските односи.
Сите држави кои земаат вода од еден извор стапуваат во конфликти со своите соседи. Но, освен Јордан, другите држави во регионот немаат дипломатски односи со Израел.
Ниту ситуацијата во централна Азија околу поделба на водата не е подобра. Узбекистан отворено му се заканува на Таџикистан дека ќе започне војна, ако владата во Душанбеј ја изгради Рогунската хидроцентрала на реката Вахш.
Експертите предупредуваат дека проблемот со питката вода наскоро ќе стане едно од клучните прашања на светската дипломатија.