Луѓе кои слушаат гласови од мртвите


Поборници на идејата дека може да се зборува со мртвите, тврдат дека поседуваат радио опрема која снима гласови на умрени луѓе. Нивната теорија до ден денес не е срушена, но сепак, сè уште е тешко за верување. Изгледа некои теми остануват вечни мистерии.

66596012_raudive-304Како започна сето тоа? Во 1969 година, мистериозен средовечен доктор од Латвија, се појави во јавноста со огромна колекција на касети на кои се снимени глсови од мртвите. Неговото име е Константин Радлив и неговата колекција содржи 72 илјади снимки кои содржат гласови на умрени луѓе.

Констнтин создал посебна радио опрема за снимање на умрените луѓе и ја нарекол „Електронска гласовна проекција“ (EVP – Electronic Voice Projection). Снимањето не е во реално време, туку треба да го повикаш духот на умрениот и да ја оствиш лентата да снима во тишина. Потоа преслушувајќи ја лентата се појвуваат гласови на луѓе.

„Крстот на Герард“ е село во земјата Бакингхамшир во Англија, каде што живее(л) издавачот Колин Смит, кој во 1969 бил контактиран и убеден од Константин дека навистина станува збор за гласови на умрени луѓе, па Колин се согласил да му ја објави книгата „Пробивање“ во која Константин го објаснува својот пронајдок.

Неговата книга направила вистински бум во тоа време и низ светот се родиле еден куп заедници кои се поборници на ваквото верување и EVP опрмата се користи нашироко во светот до ден денес. Поборници на ова верување дури постојат и во Македонија,  тие во моментов сè уште го истражуваат феноменот и нудат бесплтно „истерување на духови“, со цел да добијат поголемо исксутво. Постојат и бројни форуми на интернет каде ваквите заедници се пронаоѓаат и здружуваат за заедничко истражување на феноменот.

konstantin-raudive-the-voices-of-the-deadКолин Смит сè уште живее во „Крстот на Герард“ и лентите на Констнтин сè уште се во неговиот дом, на нив ги има гласовите на Хитлер, Черчил и други познати личности од историјата. Еден англиски водител на радио, Гејлс Брандрет еднаш го имаше пуштено во етер гласот на Черчил директно од лентите на Констнтин.

Многумина скептици го истражувале ова за да докажат дека е измама, но никој не успеал, се испоставува дека EVP опремата навистина снима гласови на луѓе (меѓу кои и оние кои не се живи). Наједноставното објснение е дека можеби гласовите се остатоци од некоја рафио фреквенција, а EVP опремата се вмешува во послабите радио фреквенции.

Ова може да звучи како слабост т.е. отквирање на мистеријата, но тоа всушност само ја зајакнува уште повеќе бидејќи „Умрени луѓе кои во реално време стримаат радио од свое студио, е токму доказот што ни треба за да конечно се убеди светот дека EVP снима умрени луѓе,“ – вели Џо Банкс, звуковен уметник. Тој откако почнал да експериментира со EVP, се убедил и верува дека ова не се звучни илузии, туку вистински гласови.

Од друг страна пак, еден нов истражувач од американската држава Сиетл, вели дека тој со EVP опремата може некако да смина мисли претворени во гласови, не знае како, но тврди дека опремата всушност ги снима мислите кои се оставени во воздухот долго време, некои од нив се и од умрени луѓе.

Како и да е, оваа тема остнува вечна мистерија како што спомнавме на почетокот, но сепак импресионира фактот што понекогаш нормаланите психолошки механизми можат да бидат заобиколени и да нè убедат да веруваме во невозможното.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1