Ресторан во кој треба да чекате 5 години за место (Видео/Фото)


Во подрумот на ресторанот Бистро се служат автентични специјалитети кои не можат да се најдат на ниедно друго место. Дајмон Барел е сопственик на истоимен ресторан во Њујорк, кој многу порано бил познат како Бистро во подрумот.

restoran0Тој е истовремено и готвач и помошник готвач, келнер, бармен, градинар и сè што е потребно за функционирањето на еден ресторан.

Сè што е понудено во неговиот ресторан доаѓа од неговите 12 хектари обработлива земја.

Овој ресторан се наоѓа во подрумот на неговата куќа и има точно 12 маси. Но, никогаш нема доволно место за сите кои сакаат да го посетат.

Со оглед на потребното време за подготвување на специјалитетите кои се нудат, гостите за кои нема место мора да почекаат 5 години, за да се подготват следните порции.

restoran4Еден од неговите специјалитети, што веројатно е и причината зошто сите сакаат да јадат во овој ресторан, е сладоледот во корнет од желади и шишарки. Во овој корнет се служи сладолед од домати.

Желадите и шишарките откако ќе се наберат се потопуваат во вода и таму остануваат неколку месеци. Откако добро ќе се исушат, Барел ги претвора во прав од кој прави корнети.

Еден оброк во просек чини 185 евра, без вклучен пијалак и бакшиш, за оние кои се заинтересирани патуваат и по три часа само за да пробаат еден поинаков специјалитет. просечна годишна заработка на овој ресторан е 550.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1