До 2020 година, жените ќе ги сочинуваат повеќе од 50% од „доларските“ милионери во светот- тврдат експертите од британскиот „Центар за економија и бизнис“
Денес уделот на претставничките на понежниот пол изнесува само десетти дел од списокот на најбогати луѓе на планетата.Сепак, експертите се уверени дека жените, поради подолгиот животен век, ќе ги преминат мажите, а тука се и другите адути: одговорност во водењето на работите и посилна врска на десната и левата хемисфера на мозокот.
Дали човештвото го очекува ера на нов матријархат?- се прашуваат експертите.
Првиот фактор на женската деловна експанзија е светскиот пораст на бројот на разводи и склопување на договор за развод во корист на жените. Вториот фактор е големиот просечен век на жените (80-81 година во однос на 76 години за мажите).
Заклучоците на британските истражувачи се поддржани и од други истражувања.
Според последните податоци, бројот на млади жени за кои кариерата е најважен животен приоритет го надмина бројот на мажи кои размислуваат на ист начин.










