Заборавен град на лавови на дното на кинеско езеро (Видео/фото)


На дното на кинеското езеро Киандао, веќе половина век, речиси заборавен лежи еден кинески град

grad3-630x443Си Ченг, познат и како град на лавовите, некогаш бил политичко средиште на источната кинеска провинција Зеџанг, но пред 53 години целосно бил иселен а потоа потопен. Завршил под огромното акумулациско езеро направено за потребите на околните хидроцентрали.

Локалните власти по половина век, одлучиле да го извлечат Градот на лавовите од заборавот и да го претворат во туристички рај. Дошле до идеја, на туристите кои сакаат да нуркаат да им овозможат незаборавно доживување низ подводното разгледување на потопениот град.

„Штом нурнавме, наидовме на надворешниот ѕид од градот. Како да е заробен во временска капсула, овој град е едноставно недопрен”, велат надлежните на експедицијата.

Во видеото погледнете како изгледа подводната “кинеска Атлантида”.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1