Војник се онесвести на прославата на роденденот на кралицата Елизабета (ВИДЕО)


Британски војник се онесвестил и паднал на земја во текот на вчерашната прослава на 90-тиот роденден на кралицата Елизабета Втора во Лондон.ad_209322019

Британските медиуми пренесуваат дека војникот учествувал во годишната парада пред зградата на Коњичката гарда во Вајтхол во Лондон за само по неколку минути по почетокот на церемонијата му се слошило. „Мирор“ наведува дека тој потоа паднал со лицето на земја.

Кралицата и кралското семејство можеле јасно да видат како војникот се струполил.

Војникот лежел на земја неколку секунди, по што на помош притрчале неколку колеги кои го сместиле на носилка и го однеле да му биде укажана медицинска помош.

Овој инцидент очигледно не им го одвелкол вниманието на другите војници кои учествувале во парадата и цело време стоеле во формација.

Подготви:Б.В.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1