Војникот кој силуваше и уби 14 годишна девојка од Ирак – се обеси


Iraq+Rape+Slaying+-Escenic-tittelАмериканските медиуми објавија дека поранешниот американски војник, Стивен Дејл Грин кој беше осуден на доживотен затвор поради силување и убиство на 14 годишна тинејџерка од Ирак во 2006 година, се обесил. Стивен Дејл Грин, беше осуден во 2009 година за едно од најстрашните злосторства на американските војници во Ирак. Тој прво ги убил родителите и помалата сестра на тинејџерката, а потоа ја силувал, ја стрелал во глава, а телото и го запалил.  Поранешниот војник Грин кој беше осуден на пет доживотни казни се убил во саботата во затворот  во Тускон во Аризона, но веста за неговата смрт се објави дури синоќа. Неговиот адвокат Дарен Вулф за весникот „Тајмс“ изјавил дека неговиот клиент воопшто не бил депресивен или под некаков притисок. Стивен Дејл Грин се откажал од факултетот и на 19 години се пријавил за мисија во Ирак. На сведочењето изјавил дека едвај чекал да оди во Ирак за да ги убива.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1