Војници ги ограбиле жртвите на авионската несреќа кај Смоленск


Четворица руски војници се на суд поради кражба на банкарски картички на жртвите во несреќата на авионот, во кој во април 2010 година загина полскиот претседател во близина на Смоленск, во Русија.

nesrekja smolensk

Тие украле повеќе банкарски картички, од кои подигнале 60.345 рубљи (1.600 евра). Доколку се потврди нивната вина, им се заканува максимална казна од шест години затвор, пишуваат руските медиуми.

Авионот, во кој беше претседателот Качињски, неговата сопруга и висока полска државна делегација, се урна на 10 април 2010 година обидувајќи се да слета во Смоленск во тешки временски услови. Загинаа сите 96 патници и членови на екипажот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1