Шведскиот производител на автомобили Волво најде решение како да ги задржи своите корисници во овластените сервиси, така што, понуди доживотна гаранција не делови и сервисирање на возилото.
Северноамериканската единица на шведската компанија „Волво“ воведе доживотна гаранција на делови и севрис за речиси сите поправки и одржување во своите овластени сервиси.
Тоа значи дека ако го однесете своето старо Волво во сервис, само еднаш ќе платите за неопходните делови и работа, а ако тие подоцна повторно имаат дефект, ќе бидат бесплатно заменети.
Оваа новина е дел од програмата „Волво Сервис Адвантиџ“, што исто така вклучува бесплатена надоградба на софтвер, дијагностика и перење на возилото.