На снимката за чија автентичност расправаат сите светски медиуми се гледа мажи како лежат на стомак покрај една зграда и молат за милост.
Снимката веднаш се прошири на интернет и се тврди дека сиријски бунтовник убил 10 невооружени затвореници. Се претпоставува дека камерата била поставена на самата цевка на пушката и егзекуторот самио ја снимил егзекуцијата.
,, се колнам дека сме мирољубиви ,, вели еден од заробениците во камерата која ја држи напаѓачот. Станал и молел за милост но бунтовникот стрела во него и тој се враќа наназад држејќи ја крвавата рака. Тогаш стрела и ги убива сите 10 затвореници.
Додека пука вика – Бог е голем Džabat al-Nusra, алудирајќи на тајниот фронт Ал Нусра, единица која е поврзана со Ал каеда.
Ројтерс ја објави снимката но неможел да ја потврди нејзината автентичност, но во коментарите под веста стои дека снимката е од Рас ал-Аин град на граница со Турција каде последните недели се водат жестоки борби.
Хјуман Рајтс воч соопшти дека води истрага околу снимката, но засега нема никакви конкретни информции, вели Питер Букарт од оваа организација.
ВНИМАНИЕ СНИМКИТЕ СЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ !!!!