УХМР денеска најавува дека позначително дестабилизирање на времето ќе има в петок попладне и в сабота кога повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме.
Потоа, во наредните денови продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд, грмежи, појава на град и засилен ветер.